Tuesday, May 2, 2017

Могила на непобедените




Могилата на непобедените претставува меморијален комплекс во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот е изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ. Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран.

Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-1945 година, во 1961 година во градот Прилеп го подига монументалниот споменит „Могилата на непобедените“ во рамките на овој Парк. Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална површина е поплочен со бели мермерни плочки. На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се издигаат осум мермерни урни кој симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување на поголеми воени формации.

Tuesday, April 25, 2017

Екстремни спортови


Екстремен спорт наречен исто така (акционен или авантуристички спорт) е популарен термин за одредени активности кои имаат својство на високо ниво на опасност. Овие спортови се присутни и во Македонија како и во Прилеп. Најпознато во Прилеп и околината е искачувањето по карпи кои накои луѓе го прават и за рекреација и забава. Секоја година се организира ,,Motokros’’ и по втор пат годинава се организираше ,,Downhill’’.

,,Општина Прилеп во соработка со локалните клубови и здруженија организира викенд за љубителите на екстремен спорт. Настаните ќе се реализираат во сабота и недела (15 и 16 октомври 2016г.) на две локации: Скејт паркот во Прилеп (кај Паркот на Револуцијата) и Мото крос арената ЛАГОВО. Граѓаните на Прилеп ќе можат да гледаат и да се забавуваат со мото крос натпревари, натпревари со теренски возила (т.н. џипови), егзибиции со ролери, скејт, BMX и презентација на вештините на најдобрите паркур спортисти од Р. Македонија’’.

Ова беа информациите за motokros и останатите екстремни спортови освен downhill.

,,По втор пат ќе се организира натпреварот Downhill Toptash во организација на Клубот за екстремни спортови Sky Riders Prilep. Натпреварот ќе се одржи на 22-23 април во месноста Топташ Прилеп. Натпреварот ќе биди поделен на три категории Фул Суспензија: +18 Елите, -18 и категорија Хардтаил. Патеката е со должина околу 2км на која има: скокови, кривини, карпести секции, дропови, дрвени рампи. Учеството на натпреварот е 500 ден. На трката ќе има организиран превоз за двата дена до стартот, сендвичи, вода , маичка за секој натпреварувач, електронско мерење, Прва помош, слободен простор за кампување, снимање и фотографирање низ патеката, судии низ патеката, Награден фонд. Задолжително за секој натпреварувач е да има исправен велосипед и кацига. На 22 Април ќе се одржат тренинг возења, а на 23 Април ќе се одржат клалификациска трка и официјална трка’’.
А еве ги и информациите за downhill трката.


Monday, April 24, 2017

Пиво фест



Пиво фест е пивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на општина прилеп и стопанските субјекти.
Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители. Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добра забава, скара ладното пиво и секако масовната посетеност.

Фестивалот има стекнато традиција, и на туристичката карта на Прилеп има едно од најважните места. На фестивалот гостуваат екстрадни ѕвезди од регионот. Во 2009 главен гостин била хрватската пејачка Северна. Во 2010 била Светлана Ражнатовиќ-Цеца, во 2011 Здравко Чолиќ, во 2012 Лепа Брена,во 2013 Горан Бреговиќ , во 2014 Жељко Самарџиќ во 2015 Дино Мерлин .И многу други познати музичари како Жељко Јоксимовиќ,Миролслав Илич,Петар Грашо,Халид Бешлиќ,Љубиша Стојановиќ - Луис,Харис Џинович,Данијела Мартинович,Емина Јаховиќ,Тони Цетински,Јелена Розга,Оливер Драгојевиќ,Неда Украден,Гоца Тржан,Саша Ковачевиќ, но и македонски познати пејачи како Каролина Гочева.