Екстремен спорт наречен исто така (акционен или
авантуристички спорт) е популарен термин за одредени активности кои имаат
својство на високо ниво на опасност. Овие спортови се присутни и во Македонија како и во
Прилеп. Најпознато во Прилеп и околината е искачувањето по карпи кои накои луѓе
го прават и за рекреација и забава. Секоја година се организира ,,Motokros’’ и по втор пат годинава се организираше ,,Downhill’’.
,,Општина
Прилеп во соработка со локалните клубови и здруженија организира викенд за
љубителите на екстремен спорт. Настаните ќе се реализираат во сабота и недела
(15 и 16 октомври 2016г.) на две локации: Скејт паркот во Прилеп (кај Паркот на
Револуцијата) и Мото крос арената ЛАГОВО. Граѓаните на Прилеп ќе можат да
гледаат и да се забавуваат со мото крос натпревари, натпревари со теренски
возила (т.н. џипови), егзибиции со ролери, скејт, BMX и презентација на
вештините на најдобрите паркур спортисти од Р. Македонија’’.
Ова беа
информациите за motokros и
останатите екстремни спортови освен downhill.
,,По
втор пат ќе се организира натпреварот Downhill Toptash во организација на
Клубот за екстремни спортови Sky Riders Prilep. Натпреварот ќе се одржи на
22-23 април во месноста Топташ Прилеп. Натпреварот ќе биди поделен на три
категории Фул Суспензија: +18 Елите, -18 и категорија Хардтаил. Патеката е со
должина околу 2км на која има: скокови, кривини, карпести секции, дропови,
дрвени рампи. Учеството на натпреварот е 500 ден. На трката ќе има организиран
превоз за двата дена до стартот, сендвичи, вода , маичка за секој
натпреварувач, електронско мерење, Прва помош, слободен простор за кампување,
снимање и фотографирање низ патеката, судии низ патеката, Награден фонд.
Задолжително за секој натпреварувач е да има исправен велосипед и кацига. На 22
Април ќе се одржат тренинг возења, а на 23 Април ќе се одржат клалификациска
трка и официјална трка’’.
Super post !
ReplyDelete